Skip to main content
Свет

Шведска ја суспендира дел од помошта за Србија поради корупција

03/11/2025  19:44

Владата на Шведска одлучи да ја „прилагоди поддршката“ за Србија во рамките на Стратегијата за партнерство за реформи на Шведска со Западен Балкан и Турција, објавено е на веб-страницата на шведскиот парламент.

Таа одлука значи дека делови од поддршката за државните институции во Србија ќе бидат суспендирани и дека поддршката ќе биде фокусирана во поголема мера на зајакнување на граѓанското општество.

– Развојот во Србија оди во погрешна насока. Ова важи за сè – од растечката корупција до непочитувањето на владеењето на правото. Земјите не можат да очекуваат шведска поддршка ако не ги спроведат реформите и развојот што ги очекуваме. Затоа ги воведуваме овие промени сега – рече шведскиот министер за развојна помош и надворешна трговија, Бенјамин Доуса.

Шведската влада внимателно го следи развојот на ситуацијата во Србија и долго време забележува недостаток на реформска волја кај српската влада.