Skip to main content
Скопје

Шукова: Силно ќе се борам за правата на граѓаните на чист воздух, чиста вода и здрава природа

16/08/2025  14:52

Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, денеска во своето обраќање на 18-тиот Летен камп на СДММ порача дека младите луѓе секогаш биле и ќе бидат приоритет на социјалдемократите.

„Младите се двигател на промените. Со нивната енергија, идеи и активност можеме да ја придвижиме државата напред. Затоа СДСМ секогаш ќе им дава простор младите да бидат активно вклучени во политиката и во креирањето на иднината на нашето општество”, порача Шукова.

Говорејќи за политиките за животната средина, Шукова потсети дека токму СДСМ прв ја постави заштитата на воздухот и намалувањето на загадувањето како национален и стратешки приоритет.

„Заштитата на воздухот од загадување, СДСМ ја стави како национален, стратешки приоритет. Тоа прво ние го отворивме како процес, ВМРО-ДПМНЕ многу малку и сега, но и претходните години многу малку прават за заштита на животната средина. За разлика од нив, ние посериозно пристапивме кон овој проблем и донесовме низ годините сет на мерки коишто дадоа резултати, меѓутоа тоа не е доволно, треба многу повеќе сите заедно да направиме. Чистиот воздух, чистата вода и здравата природа се право на секој граѓанин”, рече Шукова.

Таа додаде дека локалните самоуправи мора да функционираат во вистинска синергија со граѓаните, кои треба да бидат дел од процесите.