Skip to main content
Македонија

Шукова: Ангелов со силеџиската изјава за  Ромите го открива вистинското лице на  власта

16/09/2025  11:26

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, остро реагира на изјавата на директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, дека „Ромите од Вардариште со сила треба да се иселат”, со што, всушност, го открива вистинското лице на оваа власт.

Кандидатката за градоначалник Шукова истакнува дека Ангелов и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во немоќ ниту да спречат, ниту да откријат виновници, а уште помалку да најдат исправно и хумано решение за луѓето, напаѓаат и дискриминираат цела заедница.

„Откако целата Влада излезе со различни ставови за тоа кој пали и кои се причините, откако сами себе се демантираат веќе цели два дена, сега конечно најдоа начин да се бранат со оцрнување и етикетирање”, наведе Шукова.

Власта е неспособна и шири ароганција и гнев поради сопствените неуспеси.

„Граѓаните на Скопје треба да знаат дека локалните институции имаат задача да најдат решение за проблемот, а ВМРО-ДПМНЕ цели четири години не најде решение, ниту воопшто работеше на тоа. Фатени во криза од својата неспособност, не им останува друго освен да измислуваат странски центри и да напаѓаат луѓе на кои и онака животот им е многу тежок”, наведе Шукова.