
Ракометарите на Барселона по шести пат во својата историја ја освоија светската клупска титула, откако синоќа во финалето на ИХФ Супер Глоуб во Каиро го совлада бранителот на трофејот Веспрем со 31-30 по две продолженија.
За Барселона ова беше шеста титула, а прва од 2019 година. Шпанскиот тим ги освои своите први пет титули со Чави Пасквал на клупата, но шпанскиот тренер сега беше на спротивната страна, водејќи го бранителот на титулата, Веспрем.
Натпреварот заврши 21-21 во регуларниот дел, што беше финале со најмалку постигнати голови во историјата на Светското клупско првенство. Прашањето за победникот не беше решено ниту по првото продолжение (26-26), а одлуката беше донесена во второто продолжение.
Барселона ја предводеше Алеиш Гомез Абело со шест голови, додека Емил Нилсен имаше 27 одбрани.
Најефикасен играч на унгарскиот тим беше Кристијан Дескат со осум голови.
Во натпреварот за третото место, место, Магдебург го победи Ал Ахли со 32-23 (19-11).