Skip to main content
Македонија

Шефот на црногорската дипломатија Ибрахимовиќ во официјална посета на земјава

25/04/2025  07:59

Во официјална посета на земјава ќе престојува потпретседателот на Владата за меѓународни односи и министер за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ.

Домаќин на Ибрахимовиќ ќе биде министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, според агендата ќе се одржи официјален пречек и тет-а-тет средба помеѓу министрите Муцунски и Ибрахимовиќ.

Исто така, двајцата министри ќе потпишат Меморандум за разбирање и билатерална средба со делегациите на двете министерства.

И на крајот предвидена е и заедничка прес-конференција на министрите Муцунски и Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ денеска ќе го посети и Собранието, каде ќе се сретне со претседателот на Собранието, Африм Гаши.