Skip to main content
Хроника

Серија апсења на повеќе локации низ земјава, пронајдена дрога

08/03/2025  11:22

Денеска (08.03.) во 03.40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир,  полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (08.03.) во 02.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар,  полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (08.03.) во  00.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија Т.К.(56) од Охрид. При претрес во простории на улицата „Железничка” што тој привремено ги користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа стаклен предмет со девет опаковки со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (08.03.) година во 02.50 часот пред трговски центар во Штип, полициски службеници од СВР Штип  го привеле Н.Ј.(21) од Република Турција, со привремен престој во Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (08.03.) во 00.50 часот, на улицата „Цар Самоил” во Битола полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Б.М.(31) и Х.П.(30) двајцата од Битола бидејќи при преглед кај истите била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.

Денеска (08.03.) во 01.45 часот,  на улицата „Партизанска”  во Битола полициски службеници од СВР Битола  го лишиле од слобода Б.Џ.(34) бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена  грутчеста материја.По документурање на настанот ќе следува соодветна пријава. 

На 07.03.2025 година во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар,  полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.03.2025 година во 23.30 часот, на улицата „Јордан Пиперката”  во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Д.М.(34) и Н.И.(29)двајцата од Битола бидејќи при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.По документирање на настанот против истите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.03.2025 година во 17.20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец” и „Железничка” во Охрид, лишен од слобода е М.Ј.(30) од Охрид. Тој, при контрола на неговиот  патнички автомобил „Рено” со охридски регистарски ознаки, проголтал опаковка со бела прашкаста материја по што е пренесен во Општата болница во Охрид. По преземени неопходни медицински мерки, опаковката е обезбедена по што ќе следи вештачење. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.