
Американската тенисерка Серена Вилијамс, освојувачка на 23 грен слем титули и поранешен број 1 на ВТА листата, го коментираше случајот со допинг на италијанскиот тенисер Јаник Синер.
Таа во својата изјава за „Тајмс“ се осврна и на поранешната ривалка Марија Шарапова.
„Го сакам момчето, го сакам спортот. Тој е одличен за тенисот. Му треба на машкиот тенис. Но, да бидеме искрени – ако јас го направев тоа, би добила 20 години казна. Сите мои титули од грен слем турнирите би ми биле одземени”, изјави Вилијамс и додаде:
„Најчудно е што не можам да не размислувам за Марија (Шарапова) цело ова време. Не можам да не се сочувствувам за неа“.
Јаник Синер моментално отслужува тримесечна суспензија поради прекршување на антидопинг правилата во пролетта 2024 година. Се очекува тој да се врати на наредниот месец, на Мастерсот во Рим.
Во 2016 година, Марија Шарапова сама свика вонредна прес-конференција и откри дека била позитивна на забранетата супстанција, мелдониум. Таа беше суспендирана 24 месеци.