Skip to main content
Хроника

Семејството го идентификуваше човечкиот труп пронајден при ископ во Штип

22/02/2025  15:37

Работниците, кои утрината започнале со градежни работи на уредување на Мега паркот покрај реката Брегалница во Штип, во близина на бунарите, ископаа човечко тело во распаѓање.

Засега е утврдено дека немал насилна смрт, а идентитетот го потврдило неговото семејство.

Телото на починатиот е пронајдено заедно со неговите лични предмети и извршена е првична идентификација од страна на семејството. На телото не се констатирани видливи траги на насилство, соопшти Обвинителството.

Истражните органи засега не соопштуваат дали се работи за исчезнат човек по кого се трага, како и податоци за возраста и од каде е.