Skip to main content
Хроника

Семејно насилство во Тетово – снаа го нападнала свекорот, син го нападнал таткото

27/02/2025  18:16

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Б.(26) и И.Б.(31), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“. На 14.11.2024 во Тетово, во стан во кој привремено живееле пријавените, првопријавената физички го нападнала таткото на второпријавениот, по што настанала меѓусебна физичка пресметка.

Во вториот случај, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ. Ш. (34) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,телесна повреда при вршење на семејно насилство’’. На 25.01.2025 во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал својот татко и му нанел повреда.