Skip to main content
Магазин

Село во јужна Италија „им забрани“ на жителите да се разболат

08/01/2025  12:28

Селото Белкастро во јужна Италија, коешто е оддалечено 45 километри од најблиската болница, издаде декрет којшто „им забранува“ на жителите да се разболуваат, објави „Би-би-си“.

Градоначалникот Антонио Торчија изјави дека оваа уредба е донесена со цел да се откријат недостатоците во здравствениот систем. Вели дека „овој потег е очигледно хумористична провокација“, но може да има поголем ефект од итните известувања што ги испратил до регионалните власти за да укаже на недостатоците на локалниот здравствен систем.

Посочувајќи дека повеќе од половина од населението во селото е над 65 години, првиот човек во Општината нагласи дека патот до болница претставува поголема опасност од која било болест.