Skip to main content
Хроника

Седумгодишно девојче тешко повредено во сообраќајка во Куманово

06/02/2026  17:57

Седумгодишно девојче од Куманово се здобило со тешки телесни повреди откако било удрено од патничко возило на булеварот „Октомвриска Револуција“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 19:05 часот, кога автомобил „фолксваген голф“ со кумановски регистарски таблички, управуван од 23-годишна жителка на Куманово, удрил во малолетничката. Повредите кај девојчето биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од СВР Куманово информираат дека на местото на настанот бил извршен увид од страна на полициска екипа.