Skip to main content
Македонија

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред

20/05/2026  08:13

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 14. седница со почеток во 9:30 часот, на која ќе разгледува повеќе иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на законски и подзаконски акти од различни области, вклучувајќи ги урбанизмот, животната средина, здравството и локалната самоуправа. 

Како што информира Судот, предвидено е разгледување на седум иницијативи кои опфаќаат одредби од Законот за градење, Законот за дивеч и ловство, Законот за управување со отпад, како и акти од областа на здравственото осигурување и одлуки донесени од единиците на локалната самоуправа.

На дневен ред е и информација по предмет во врска со одредби од Законот за судовите, додека Судот ќе одлучува и по нацрт-одлука за оценување на уставноста на член 176 став 2 од Законот за заштита на децата.