Skip to main content
Балкан

Се запали пристаниште во Сплит – изгореа два брода

07/02/2025  22:25

Во сплитското пристаниште Спинут попладнево избувна пожар во кој изгореа два брода.

Итната помош веднаш излегла на терен, а четири противпожарни возила го изгаснале пожарот во пристаништето.На терен пристигна и сообраќајната полиција, пишува Далмација Данас.

Според првичните информации нема повредени лица, а се уште не се знае како настанал пожарот