Skip to main content
Свет

Се запали моторот на патнички авион кој требаше да лета за Њујорк

03/02/2025  12:02

Летот 1382 на United Airlines не полета од пистата на интерконтиненталниот аеродром Џорџ Буш во Хјустон бидејќи избувна пожар во моторот на авионот непосредно пред полетувањето, објави „Њујорк Пост“.

Авионот го прекина полетувањето поради пријавен проблем со моторот, се вели во соопштението на американската Федерална управа за авијација (ФАА).

Екипажот и 104 патници мораа да се спуштат преку помошна лизгалка и брзо да стигнат до пистата, каде што ги пречекаа автобуси и ги вратија во зградата на аеродромот, додаде ФАА.

На патничките видеа што може да се видат на социјалните мрежи, повеќе од 100 патници се вознемириле кога го виделе пожарот непосредно пред полетувањето.

Се работи за авион Ербас А320, кој требаше да лета за Њујорк, според медиумот.