Skip to main content
Свет

Се запали моторот на авион пред полетување во САД, евакуирани речиси 300 луѓе

22/04/2025  09:20

Патниците биле принудени да го напуштат авионот на Делта откако се запалил мотор додека авионот бил паркиран на асфалтот на меѓународниот аеродром Орландо во Флорида, јавува Би-би-си. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа чад и пламен кои доаѓаат од десниот мотор и патниците кои излегуваат од авионот на надуени тобогани за евакуација.