Skip to main content
Свет

Се урна градилиште на автопат во Јужна Кореја: тројца загинати, неколку повредени

25/02/2025  08:05

Три лица загинаа, а пет се повредени по уривање на градилиште на автопат во јужнокорејскиот град Чеонан, јави новинската агенција Јонхап.

Деталите за несреќата не се познати, но радиодифузерот YTN објави снимка на која се гледа како се урива градба во Чеонан, јужно од главниот град Сеул.

Вршителот на должноста претседател Чои Санг-мок повика на мобилизација на целиот расположлив персонал и ресурси за да се спасат сите исчезнати лица и да се обезбедат мерки за да се спречи понатамошна штета, соопшти неговата канцеларија.