Skip to main content
Македонија

Се огласија од Министерството за здравство по апсењето на директорот на Геријатрија

08/04/2025  13:30

Министерството за здравство се залага за што побрзо расчистување на случајот од страна на Јавното обвинителство во врска со наводите за примање поткуп од раководно лице во јавна здравствена установа.

Министерството за здравство стои на располагање доколку се потребни какви било информации по службена должност. Наш приоритет останува обезбедување најсоодветна грижа за сите пациенти во јавните здравствени установи.

Директорот на Специјализираната болница за геријатрија, Мухсин Арифи, е приведен под сомнение дека примил мито за да овозможи хоспитализација на пациент. Неофицијално, се спомнува сума од 20 илјади евра, иако таа засега не е потврдена.