Skip to main content

Ова е втор скандал поврзан со министерството на Андоновски во кус временски период. Претходно, СДСМ изнесе докази дека два тендера биле доделени на фирма сопственост на сопругот на државната секретарка во министерството, Гордана Клинчарова. По објавувањето на овие наводи, ДКСК оформи предмет, но и по повеќе од една недела од најавата – јавноста сѐ уште чека одговор и исход од институцијата.
СДСМ предупредува дека селективноста на правдата е неприфатлива, особено кога станува збор за злоупотреба на буџетски средства. Од партијата нагласуваат дека додека целата држава беше во жалост по трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, министерот Андоновски не најде за потребно ниту да се воздржи од политички настапи, туку на денот на погребот – 19 март – побарал извинување од СДСМ.

“Ова ја покажува вистинската слика за приоритетите на министерот”, велат од СДСМ, најавувајќи дека ќе продолжат да објавуваат информации и докази кои, како што велат, ќе им помогнат на институциите да ја истераат правдата до крај и нема да се извинат.
Одговор од Министерството за дигитална трансформација сѐ уште нема, а јавноста очекува конкретни дејства – и од ДКСК, и од Јавното обвинителство.