
СДСМ обвини дека Скопје е задушено во чад поради горење на депониите и дека граѓаните со сопственото здравје ја плаќаат цената на, како што велат, неспособноста и лагите на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека Даме Димитровски, советник на премиерот Христијан Мицкоски за животна средина и поранешен претседател на комисија на ВМРО-ДПМНЕ, воедно е и претседател на Управниот одбор на „Дрисла“.
„Ќе побара ли сега Мицкоски одговорност од него?“, прашуваат од СДСМ и додаваат: „ВМРО-ДПМНЕ имаше и директор на Дрисла – Јане Мицевски, човек без никакво соодветно искуство, магистер за туризам и менаџмент“.
Тие потсетуваат дека со депонијата Вардариште со децении управувале градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, како и дека партијата и нејзините кадри пред четири години ветувале фабрика за селекција на отпад во Дрисла, затворање на Вардариште и „зелена зона“ со рекреативни содржини, но ништо од тоа не е реализирано.
„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не само што не решија ништо, туку ги оставија депониите да го трујат градот. Вината за еколошката катастрофа е кај нивните кадри и градоначалницил“, стои во реакцијата на СДСМ.