
Соопштение за јавност на СДСМ:
ВМРО–ОКГ со денешната реакција целосно го потврди скандалот што денеска го објави Антикорупцискиот тим на СДСМ.
Сега прашањето е кој во ВМРО ќе одговара?
Факт е дека Антикорупцискиот тим на СДСМ веќе објави тендерски шеми вредни над 100 милиони евра, во кои едни исти, омилени фирми на власта добиваат милионски тендери низ институциите и општините.
Факт е дека три фирми се издвојуваат по бројот и вредноста на добиените тендери: Ленди Груп со 74 тендери вредни 17,6 милиони евра, Пирамид билдинг солушнс со 51 тендер вреден 16 милиони евра и Масев со 93 тендери вредни 18 милиони евра.
Факт е дека зад овие фирми се појавуваат едни исти проектанти и надзорни компании – МГ Проект и МБМ Архитекти.
Во Кисела Вода и Илинден, каде работи Ленди Груп, надзорот го врши МГ Проект.
Во Аеродром и Гази Баба, каде работи Пирамид билдинг, клучните договори за надзор ги добива МБМ Архитекти.
Во низа општини и институции каде работи Масев, повторно се појавуваат истите две фирми како проектанти и надзор.
Дополнително, токму во периодот кога ВМРО–ОКГ има апсолутна власт и се реализираат средствата од унгарскиот кредит, МГ Проект склучува договори вредни 2,4 милиони евра, а МБМ Архитекти договори вредни 2,9 милиони евра, со раст од речиси 289 проценти.
Ова се факти, договори, бројки и јавни податоци, сите во времето на ВМРО.
Затоа прашањето останува:
Кој ќе одговара за оваа бизнис-шема за испумпување пари на граѓаните?
Јавното обвинителство повеќе нема простор за молк.
АКТ на СДСМ ќе продолжи да ги објавува сите сознанија и докази за злоупотребите и бара целосна одговорност – од прв до последен инволвиран.

