
Соопштение за јавност на СДСМ:
Покрај тоа што земаа бугарски државјанства за себе и своите семејства, имаат фирми во Бугарија – сега ангажираа фирма од Бугарија да ја промовира своја (не)работа.
Генералниот секретаријат на Владата склучи нов договор вреден околу 350.000 евра со „Фрајдеј Комуникации” за видео и фото продукција и комуникациска кампања за владините проекти.
Косопственик на фирмата е бугарска компанија со седиште во Благоевград.
Срам немаат Мицкоски и неговата банда, која со лаги и поделби дојде на власт.
Другите ги нарекуваа предавници.
Самите земаа бугарски пасоши, отворија фирми во Бугарија, а сега со народни пари ангажираат бугарска фирма да им ја промовира „успешната” работа.
Ова е лицемерие без граница.
Ова организирана криминална група со Мицкоски, која еднаш го продава големиот патриотизам, а денес ги троши парите на граѓаните преку бугарски фирми, за да прикажат дека нешто работат.
Не работат ништо освен криминал и корупција. Тоа го прават и не престануваат.
Додека граѓаните се мачат со празни фрижидери и нови долгови, Владата плаќа стотици илјади евра за сопствена промоција преку бугарски канал.
