
Соопштение за јавност на СДСМ:
СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија.
Дел од таа операција оди и преку „Ало медиа” групацијата која пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ”.
Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има обврска да излезе и да ја информира јавноста и да каже што презема Агенцијата да го заштити медиумскиот простор во земјата и демократијата.
Каква е неговата улога?
Дали е известен за промената на сопственичката структура?
Како ќе го објасни тоа кога знае за целосното сопствеништво и поврзаноста на компаниите кои влегуваат во Македонија?
Дали знае дека на овој начин се создава дополнителна концентрација на политичко и странско медиумско влијание?
Има и друго прашање на кое треба Трајчевски да одговори.
Дали Трајчевски има српско државјанство, српски пасош или пасош на друга соседна држава?
Дали има бугарски пасош?
Ова е легитимно прашање од јавен интерес, особено во момент кога странски влијанија се шират во земјава а институцијата со која раководи Трајчевски има законски надлежности во постапките.
Јавноста има право да ги знае одговорите.


