Skip to main content
Македонија

СДСМ: Со „Скопска иницијатива” и платформата „Твоја држава, твоја шанса” отвораме ново поглавје за иднината на Македонија

08/06/2026  09:09

Соопштение за јавност на СДСМ:

СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување, заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стадард, борба против корупцијата и за европската иднина.

Со усвојувањето на програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса”, СДСМ ја претстави својата визија за модерна, напредна, праведна и европска Македонија – држава во која трудот се вреднува, институциите работат за граѓаните, а младите ја гледаат својата иднина дома.

СДСМ е на страната на младите, на работниците, пензионерите, земјоделците и сите граѓани кои чесно живеат од својот труд.

Во оваа насока „Твоја држава, твоја шанса” нуди конкретен одговор на најголемите предизвици со кои денес се соочуваат граѓаните: високите цени, ниските плати, иселувањето на младите, корупцијата и слабите институции.

СДСМ се обврзува на политики што ќе обезбедат раст на платите, заштита на работничките права, правично оданочување, силна борба против корупцијата, независно судство, достапно здравство и квалитетно образование.

Преку „Скопската иницијатива”, СДСМ ја потврди својата улога како обединувачки фактор на поширокото прогресивно движење во регионот и Европа, кое се спротивставува на корупцијата, авторитарноста и антиевропските политики.

Европа не е апстрактна политичка цел, туку подобар живот дома, повисоки плати, владеење на правото и повеќе шанси за секој човек.

Македонија не смее да остане заглавена во национализам, популизам и политички манипулации кои ја оддалечуваат од европската иднина. Наместо поделби, СДСМ нуди визија за обединување околу државните интереси, економски развој и европски вредности преку поширок Фронт за вистина и правда.