
Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:
РЕК Битола не работи и не произведува струја. Ниту еден од блоковите 1,2,3 не се на мрежа.
На сред грејна сезона РЕК Битола е надвор од производство. Првиот и вториот блок утрово испаднаа од мрежа, а третиот подолго време не работи.
ДПМНЕ е неспособно да менаџира со енергетскиот сектор. Новото раководство на ДПМНЕ пред да седне во фотелјите ветуваше работа со три блока и со 100 посто домашно ископан јаглен во рудникот, а сега нема ништо од тоа.
Во РЕК се троши повеќе увозен отколку ископан домашен јаглен а кога не работи се увезува скапа струја.
Срамно е ова што му се случува на ЕСМ и РЕК Битола за да се задоволат бизнис зделките на ДПМНЕ.
Енергетскиот систем е на колена, очигледно власта ги задоволува своите бизнис потреби а цената ја плаќаат граѓаните.
Трошоците за купување струја од берзата се огромни и тоа е врз грбот на граѓаните и државата, додека во исто време влијае сметките кои граѓаните ги плаќаат за електрична енергија постојано да бидат високи.