Skip to main content
Македонија

СДСМ: Премиерот на море со авион а за работниците нема пари за 600 евра плата 

17/02/2026  08:45

Соопштение за јавност на СДСМ:

Премиерот ужива во луксузот на грбот на народот. Дури и на Јадранско море, на капење оди со владиниот авион. 

Додека нема пари за работниците, нема пари за зголемување на минималната плата на 600 евра, додека се кратат 40 милиони евра за земјоделците.

Исто како Никола Груевски, тој купуваше мерцедес од 600 илјади евра и носеше очила од 60 илјади евра а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да купи нов авион, за нови туристички прошетки.

Додека Мицкоски лета, работниците тонат.

Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај, се борат со скапотијата и ниските плати а премиерот Мицкоски се луксузира во свет на привилегии, ароганција и расипништво. 

Колку ги чинело граѓаните ова луксузирање на премиерот со владиниот авион?