
Толку многу лажат од ВМРО што веќе и самите се загубија.
Од многу лажење поскапе и „визата“. Вчера велеа половина милион долари чинела, денеска не е веќе половина милиони, стана половина милијарда, денеска не се долари, станаа евра.
На лагите им нема крај.
Така е затоа што се фатени живи во милионски криминални тендери и како договараат мигранти за пари.
Сега и Харис Џиновиќ го споменуваат. Дали Манасиевски се пронајде во песната? Можеби слави за вработувањето на сопругата во министерство за дигитална трансформација?
За што ги сметате граѓаните на Македонија? Ова е веќе навреда на нивната интелигенција!
Туку, не одговоривте:
Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи?
Центар за комуникации СДСМ


