
Соопштение за јавност на СДСМ:
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија поднесува нова претставка до Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поради навредливиот и недоличен речник кој Бранко Героски, одговорен уредник на порталот Плусинфо.мк, го користи во свој авторски текст со наслов: „Јебо вас ‘српски свет’, будали едни!”
Во наведениот текст, како и во повеќе претходни објави, Героски користи говор кој не претставува ниту критика, ниту новинарски став, туку отворени лични навреди, пцовки и деградирачки квалификации насочени кон СДСМ, нејзините членови, раководството и претседателот на партијата.
Меѓу бројните навреди и дисквалификации, Героски јавно ги користи следните изрази:
• „Јебо вас ‘српски свет'”
• „Будали едни”
• „Венко Филипче можеби е поголема будала”
• „Простачки”
• „Пролупаното раководство на СДСМ на чело со Венко Филипче”
• „Лајпрдите”
• „Заев беше луд и луцкаст”
Овој говор нема никаква врска со слободата на изразување или со остар политички коментар. Напротив, станува збор за лична пресметка и отворена омраза кон СДСМ, нејзините членови, раководството и претседателот, како и за злоупотреба на медиумскиот простор со директно нарушување на професионалните и етичките стандарди во новинарството.
Таквиот настап е во целосна спротивност со повеќе одредби од Етичкиот кодекс на новинарите, и тоа:
• Член 10 – „Новинарот нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа.”
• Член 15 – „Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.”
• Член 16 – „Новинарот нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности.”
Очекуваме соодветна и принципиелна реакција од ЗНМ, како водечка национална новинарска организација која треба да биде гарант за слободата на говорот, независноста на медиумите и почитувањето на највисоките професионални и европски стандарди во новинарството.
Слободата на изразување не значи право на навредување, пцовки и говор на омраза.
