Skip to main content
Македонија

СДСМ подготви 10.000 амандмани на Изборниот законик

29/06/2026  20:07

Пратеничката група на СДСМ со 10.000 амандмани ќе се спротивстави на измените на изборниот законик.

Ова на социјалните мрежи го објави лидерот на партијата објавувајќи фотографии од процесот на подготовка на амандманите.

,,Наскоро граѓаните ќе видат како изгледа криминален закон. Нема да дозволиме изборна кражба.10.000 амандмани спремни” напиша Филипче.