Skip to main content
Македонија

СДСМ оди на Конгрес на 24 јануари, се чека „амин“ од Централниот одбор

16/12/2025  17:35

СДСМ својот 31. Конгрес ќе го одржи на 24 јануари 2026 година во Скопје, дознава 24инфо.мк

Како што дознаваме, попладнево, пред членовите на Централниот одбор на СДСМ меѓу другите точки ќе се најде и предлог одлука за свикување на Конгрес кој треба да се одржи за еден месец од сега, односно на 24 јануари 2026 година.

Точната локација и час на одржување на Конгресот ќе треба да ја донесе генералниот секретар на партијата.

На Конгресот, меѓу другото ќе треба да се одлучува и за нов заменик претседател на партијата кој се бира на Конгрес а по колективната оставка на раководството тоа повеќе не е Фани Каранфиловска Пановски, па согласно статутот на партијата по предлог на претседателот, членовите на Конгресот ќе изберан нов заменик претседател.