Skip to main content
Македонија

СДСМ: Не се сомневавме дека за ДПМНЕ „најповолни” се тендери од 9 милиони евра за двајца вработени

30/11/2025  18:42

Соопштение на СДСМ:

Воопшто не се сомневавме дека за ДПМНЕ „најповолни” се тендери од 9 милиони евра да бидат доделени на фирма со двајца вработени и формирана лани.

Да не случајно и овие двајца вработени почнале како Бил Гејтс и Стив Џобс па серверите ги правеле во гаража? 

ВМРО-ДПМНЕ го потврди скандалот кој денеска го објави СДСМ.  Криминалните шеми за испумпување пари од граѓаните токму така се прават, со омилени фирми и „најповолни” понуди. 

Кога станува збор за ДПМНЕ местењето тендери е познато за секој во Македонија исто како што е познати на кој начин се доаѓа до „најповолна” понуда.

Тој рецепт го измисли Никола Груевски, немаше тендер кој не беше „најповолен” и така испумпа 2 милијарди евра пари од граѓаните.

Дополнително, зошто ДПМНЕ одговара во име на институциите? Како ги знаат деталите во белата палата? 

Затоа мора институциите да се вклучат и да направат независна истрага за овој скандал.

Доколку единствен критериум била цената за обезбедување на сервери за владините податоци прашање е колку се безбедни.

Особено што знаеме како последен пат „чуваа податоци” од ДПМНЕ, ги прислушкуваа граѓаните а потоа опремата се обидоа да ја уништат за да ги скријат доказите.  

На такви „најповолни” тендери Груевски си нарачуваше Мерцедес со телевизори на задните седишта.