Skip to main content
Економија

СДСМ: Мицкоски и Славески брзаат да ја продадат Алта банка за џабе – кој ќе ја плати цената?

19/11/2026  12:12

Соопштение за јавност на СДСМ:

„Мицкоски и Славески, истите што ја внесоа Алта во Македонија, сега брзаат да ја продадат. Ако на аукцијата нема купувач, цената ќе паѓа. Прво никој нема да се јави, па на крај ќе ја продадат за џабе. Тоа е моделот. А потоа истата банда ќе го обвини СДСМ и за ниската цена. Познат арамиски манир.” рече Фрчкоски.

На прес-конференцијата Фрчкоски посочи дека се отвора прашањето кој би купил банка која е наоѓа во вака состојба како Алта банка и ги повика институциите да ги заштитат граѓаните. 

„Кој ќе купи банка во ваква состојба? Што ако од српска страна се оспори продажната цена и се поднесе тужба? Повторно сметката македонските граѓани ќе ја плаќаат. Институциите мора да реагираат сега и да ги заштитат граѓаните на Македонија. Савески мора да го прекине молкот и да постапи независно и по закон”, рече Фрчкоски. 

Воедно, Фрчкоски упати директен повик до јавниот обвинител Ненад Савески да го прекине молкот, да постапи независно и да не дозволи политички притисоци од власта.

„Секое одложување им дава можност на Славески и Мицкоски да го заташкаат случајот, да се уништат докази, записи за трансакции, сметки. Ако Мицкоски му врши притисок, по телефон или на кој било друг начин, Савески нека го каже тоа јавно и нека го одбие.Времето одминува, доколку Савески не постапи ќе стане соучесник, тоа мора да му биде јасно.” рече Фрчкоски.