Skip to main content
Економија

СДСМ: Мицкоски и Кочоска признаваат – буџетот е празен, Владата го зголемува дефицитот

23/06/2026  08:43

Соопштение за јавност на СДСМ:

Министерката за финансии Гордана Кочоска денеска призна дека во буџетот нема пари.


Целиот планиран годишен буџетски дефицит е потрошен уште во првите шест месеци од годината.


Со најавениот ребаланс, Владата планира дополнително да го зголеми дефицитот, и покрај претходните ветувања дека ќе го намалува.


Ова не е изненадување. Тоа е директна потврда на она што СДСМ го предупредуваше уште од почетокот на мандатот на оваа Влада.

Граѓаните најдобро знаат какво е вистинското состојба на економијата. Доволно е да погледнат во своите паричници и фрижидери. Таму не се гледа „трета економија во Европа”, туку раст на трошоците за живот, пад на куповната моќ и сè поголема загриженост за иднината.


Додека власта зборува за рекорди и успеси, буџетскиот дефицит расте, државата се задолжува се повеќе, а реформската агенда касни. 


Истовремено, поради застојот во европските интеграции и намерната изолација на земјата, се пропуштаат развојни можности, инвестиции и средства кои би можеле да ѝ помогнат на економијата и на граѓаните.


Јавниот долг, кој Владата ветуваше дека ќе го намалува, за две години е зголемен за над 2,5 милијарди евра и се зголемува на 11 милијарди евра.

Парите не отидоа за повисоки плати, за мерки за граѓаните и компаниите, ниту за капитални инвестиции. Тие завршија во криминалните партиски тендери на ВМРО.


По две години на триумфални изјави за економски раст, вистината е јасна и видлива: со Мицкоски и ВМРО, економијата се движи кон колапс.


Наместо одговорна фискална политика, граѓаните добиваат нови задолжувања кои ќе ги плаќаат преку повисоки камати, даноци и поскапи услуги.


СДСМ уште еднаш предупредува: оваа Влада нема план за економски развој. Има само план за трошење и задолжување.


Граѓаните не заслужуваат да плаќаат цена за нивната финансиска неодговорност и за политиката на изолација која ја турка Македонија назад.


Оваа влада нема ниту проевропска ниту развојна економска политика. Наместо за граѓаните, таа работи за криминални тендери, партиски интереси и привилегирани поединци.