
Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска – потпретседателка на СДММ
Мицкоски, народот е гладен.
Граѓаните се со празни фрижидери и празни џебови, немаат ниту за скромна Велигденска трпеза.
И додека народот едвај преживува, го брои секој денар, вие како Луј XIV, со владините функционери се гоштевате по скапи хотели. На сметка на граѓаните.
Нема пари за 600 евра минимална плата, нема пари за субвенции, нема пари за мерки за граѓаните.
Пари има само за луксузот на Муцкоски.
Манго, папаја, лосос, авиони, скапи гозби.
Со часовник од 60.000 евра, немате никаков допир со суровата реалност во која живеат граѓаните.
Оваа Влада не се грижи за граѓаните, мисли само на себе и својот луксуз и своето богатење.
Не ли се најдовте и не ли се напивте? Уште колку ви е доволно?
Доста го понижувате народот!

