Skip to main content
Скопје

Автобусите и Жичницата ќе сообраќаат по неделен ред за Велигден

09/04/2026  16:15

Градските автобуси и Жичницата во Скопје ќе го прилагодат сообраќајот за време на продолжениот викенд по повод верскиот празник Велигден. Од 10 до 13 април јавниот превоз ќе функционира според неделен возен ред, со цел да се олесни движењето на граѓаните за празничните денови.

Жичницата, пак, ќе работи со редовно работно време од 10:00 до 18:00 часот од петок до недела, додека во понеделник нема да работи, како што е вообичаено секој понеделник и последниот вторник во месецот.

Од ЈСП-Скопје апелираат до граѓаните да се информираат за возниот ред и работното време на билетарниците пред патување, со цел непречено користење на јавниот превоз за празниците.