
Соопштение за јавност на СДСМ:
Владата на бандата не мрдна. Ги пушти цените да побеснат. Го гледаа народот како полни резервоар на рати и купува половина корпа.
Сега, кога штетата е направена, излегуваат со половична мерка и бараат аплауз.
Ова не е грижа. Ова е доцна шминка. Прво те дере. Потоа ти враќа ситно и се претставува како спасител.
Мицкоски признава и сам: цената „во суштина не е ниска”. Само била поевтина од соседството. Тоа е целата филозофија на ВМРО-ОКГ. Не да живееш достоинствено. Да те тешат дека некој друг плаќа уште повеќе. Како да му кажеш на човек без леб дека во друга држава лебот е поскап.
Горивото не е луксуз. Горивото е превоз до работа, леб до продавница, стока до пазар, плата што се топи пред да стигне дома.
Кога дизелот лета, лета сè. Тие тоа го знаеа. Чекаа.
Пазарот го оставија на бандата и на берзата, а граѓанинот на касата.
Сега велат ќе има импликации врз буџетот, ама ќе се борат. Секако дека ќе има. Буџетот го истрошија на спектакли, криминални тендери и Лотарија, па се прават сиромашни кога треба да се симне данокот што го јаде народот секој ден.
СДСМ не бара од арамијата да глуми социјала. Бараше да ја примени мерката кога требаше – на почеток. Не откако цените го скршија стандардот. Намалување од 18 на 10, по месеци тивко гледање, не е политика.
Тоа е признание дека доцнат. И дека доцнат намерно.
Нема поевтин живот со доцна одлука. Има поевтина лага.
Прво ве оставија без леб. Сега ви продаваат денар на литар како државничка храброст.
ВМРО-ОКГ не ја води кризата. Ја молзе. А шефот на бандата излегува пред камери дури кога сметката веќе е платена – од граѓаните.

