
Цел ден нема одговор од ВМРО-ДПМНЕ дали ќе ја потпишат Резолуцијата за одбрана на Македонија од мигрантите, се посочува во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Мицкоски имаше изјава денеска ама вртеше во круг, нема одговор.
Го нема ниту ВМРО-ДПМНЕ да одговори.
Цел ден ги чекаме.
СДСМ повторно ги прашува, прашањето е едноставно.
Одговорете: Ќе ја потпишете Резолуцијата за мигрантите или не?
Работата не е завршена.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
