
Прес-конфереција на Панче Милевски Панта – претседател на Општинската организација Карпош:
Каде е Сотир Лукровски? Зошто не им соопштува на граѓаните ништо?
Официјалното боледување на градоначалникот Сотир Лукровски завршило на 29 мај.
До денес тој не се појавил на своето работно место, ниту пак граѓаните на Општина Карпош добија јасно објаснување за неговото отсуство и за тоа кој и како ја води општината во овој период.
Зошто не доаѓа на работа а прима плата?
Зошто не им се обрати на граѓаните на Карпош да им каже за што станува збор?
Не навлегуваме во ничија здравствена состојба, му посакуваме добро здравје на секој човек, но, јавноста има право да знае дали градоначалникот е способен да ја извршува функцијата за која е избран и дали Општина Карпош има активно раководство.
Вистината е едноставна. Општина Карпош е заглавена во институционален хаос, а граѓаните се тие што ја плаќаат цената на лошите кадровски и политички одлуки на Мицкоски и ВМРО.
Ќе се извини сега Мицкоски повторно или ќе бега од одговори на прашањата?
Очигледно единствената цел е да се заштити уште еден неуспешен партиски избор и да се соркие вистината за партиските дилови во Карпош за бизниси и провизии.
Денес упатуваме јасен повик до Сотир Лукровски.
Доколку не сте во можност да ја извршувате функцијата градоначалник, покажете лична и политичка одговорност. Излезете пред граѓаните и јавно соопштете ја вашата одлука.
Граѓаните знаат колку е тешко да се работи со постојани политички притисоци, партиски и бизнис интереси кога е во прашање ВМРО.
Затоа ве охрабруваме да постапите одговорно и да поднесете оставка доколку сметате дека не можете да ја извршувате функцијата.
Со тоа ќе овозможите што поскоро да се создадат услови за нови избори и граѓаните на Карпош сами да одлучат кој ќе ја води општината во наредниот период.
Карпош заслужува функционална општина, активно раководство и институции кои работат во интерес на граѓаните, а не во интерес на партиските калкулации.


