Skip to main content
Македонија

СДСМ: Јаневска призна дека нема учебници, ВМРО-ДПМНЕ излажа

06/09/2025  10:30

Соопштение на СДСМ:

Образованието во Македонија е во целосен хаос – за тоа најдобар доказ е почетокот на новата учебна година.

Иако од ВМРО-ДПМНЕ ветуваа дека сите ученици ќе добијат нови учебници, вистината е сосема поинаква.

Самата Јаневска призна дека нема учебници, а притоа веќе се потрошени над 11 милиони евра народни пари.

Нема учебници за математика и историја за 8-мо одделение, родителите се принудени сами да печатат материјали од Вибер-групи.

Недостигаат учебници по хемија, физика, странски јазици, а состојбата во стручните училишта е уште полоша – цели генерации немаат учебници по управно, процесно, правно и државно уредување.

Учебници има само за најмалите ученици, од прво до трето одделение. За останатите, особено четврто и петто одделение, ситуацијата е катастрофална.

Одговорноста за ваквиот хаос е кај министерката Весна Јаневска и премиерот Христијан Мицкоски. Тие излажаа и ги изневерија учениците, родителите и наставниците.