Skip to main content
Македонија

СДСМ го одржува 32. Конгрес

07/06/2026  09:15

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Скопје ќе го одржи 32. Конгрес кој е посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и приоритети на партијата.

Конгресот, како што информираат од партијата, ќе се одвива во два дела – отворен и работен. Во рамки на отворениот дел ќе се обрати претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Потоа ќе започне работниот дел, во кој делегатите ќе работат во групи организирани по шест програмски столбови. Во тие рамки ќе се разгледуваат и доработуваат документите кои на крајот ќе бидат предложени за усвојување во нивната финална верзија.