Skip to main content
Скопје

СДСМ: Георгиевски го гази деловникот и ја замолкнува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот

09/06/2026  13:31

Прес конференција на Советничката група на СДСМ, Катерина Цаневска Арсовска – координаторка

Нова седница и нов изум на владејачкото мнозинство во Град Скопје. Како да се уништи демократијата, како да се уништи дебатата овде во Советот на Град Скопје.

Имено, сами одлучија, без опозицијата која жестоко се спротивстави на ова, но и спротивно на ставот на еден советник од владејачкото мнозинство, кој посочи дека ова не е добро решение.


Порано поставувавме прашања, а сега градоначалникот држи монолог, одговара на прашања, а ние немаме право и можност да реплицираме и да укажеме за што всушност станува збор. И новинарите кои се овде се зачудени од овој нов изум на мнозинството во Град Скопје.


Она на што не сакаше да одговори Орце Георгиевски е од каде го најде Марјан Цветковски за нов директор на Фондацијата „Скопје – Град на културата”. Се работи за вечниот директор во Македонската радио-телевизија, кој 15 години беше директор и за кого имаше многу забелешки во работењето.


Не сакаше да одговори ниту за непотизмот во Пожарникарската бригада. Потоа не сакаше да одговори за состојбите во Лајка. Зошто ретерираше од ставот за дивиот пешачки премин во Чаир?


Исто така, не одговори конкретно ниту за понудената рака од СДСМ да му дадеме комплетна документација за да може Градот да конкурира за набавка на автобуси.

Најверојатно не сака да одговори, бидејќи тука нема да може да има простор за трошење и злоупотреба на пари.


Тоа беше и деловничко кршење во работата на Советот. И уште една работа – седницата повторно започнува со кршење на Деловникот. Наместо законските седум дена, материјалите за значајни точки, како што е ребалансот на Буџетот, ги добивме со задоцнување.


Орце Георгиевски милува да каже дека тој е избран и дека тој одговара за работата на Советот. Да го потсетиме дека и ние сме избрани од граѓаните и одговараме пред граѓаните. Одговорноста не е само негова, туку и наша.


Ние и понатаму ќе се бориме за интересите на граѓаните.