
Прес конференција на СДСМ, Бугданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор

Вчерашната посета на Фон дер Лајен и соопштеното на прес конференција со Мицкоски го потврди се она што СДСМ и претседателот Филипче го говорат.
Македонскиот јазик, култура, идентитет се заштитени со Преспанскиот договор, не се загрозени туку се добредојдени во ЕУ.
Сите лаги на Мицкоски се на виделина.
Ветуваше враќање на името, Никогаш Северна, укинување на Преспанскиот договор, подобра преговарачка позиција, промена на преговарачка рамка.
Дојде на власт и одеднаш Преспанскиот договор стана ремек дело на дипломатијата, НАТО стана одлична работа за бизнисот. Сиљановска призна дека со Преспанскиот договор македонскиот јазик и идентитет се заштитени.
Нас не обвинуваше за предавство, граѓаните ги лажеше за загрозен идентитет.
Сега и Фон дер Лајен, пред камери, пред арамијата Мицкоски рече: ве чекаме со македонскиот идентитет и јазик.
Од лажниот патриотизам на Мицкоски останаа бугарските пасоши во ВМРО и владата и фирмите во Бугарија.
Унијата не чека ама Мицкоски се плаши од европско обивнителство. Затоа вели „децении”.
Со блокадата на европски пат од страна на Мицкоски загубивме две и пол години, регионот оди напред, 4 земји се со патокази за членство а Македонија стои.
Нема патоказ за Македонија, прво мора да се случи деблокада на процесот. А тука е и европското обвинителство.
Мицкоски го насочија кон Бугарија и тој експресно прифатил. Побарал билатерална средба со Бугарија меѓу Муцунски и Петрова која треба да се случи следната недела.
Мицкоски бараше медијација од ЕУ, тоа не го доби, наместо тоа доби порака да оди и да се обрати на Бугарија.
Билатерана средба значи полоши позиции за Македонија.
Се сведува на проблем помеѓу Македонија и Бугарија и ЕУ нема веќе да го третира како да е прашање на унијата, не оставаат во раце на Бугарија.
Фон дер Лајен точно кажа: Одбликарајте го процесот, патоказ дури тогаш ќе добие Македонија.
Во спротивно Македонија останува надвор од ЕУ.
Рече дека Препснаскиот договор е „вистинска политичка храброст” и порача дека европскиот пат повторно бара таква храброст за да се надминат предизвиците.
Како Мицкоски ќе го деблокира процесот?
Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е признаен во ЕУ. Што брани Мицкоски?
Како понатаму?
Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори!


