Skip to main content
Македонија

СДСМ: Епидемијата во Гостивар постои – потребно е надлежните да ја прогласат

19/07/2026  09:18

Соопштение на СДСМ:

Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не.

Со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на понатамошното ширење на заразата.

Во Гостивар заболени се илјадници граѓани, а состојбата бара сериозна и одговорна реакција од надлежните институции.

Прогласувањето на епидемија не е политичко прашање, туку прашање на јавно здравје и заштита на граѓаните. 

Институциите имаат должност да реагираат соодветно и да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на населението.

Граѓаните на Гостивар во моментов се соочуваат со сериозен здравствен проблем. Од надлежните институции се очекува да постапат професионално и одговорно, врз основа на експертските оценки.