
Соопштение за јавност на СДСМ:
Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на Никола Груевски – човекот кој избега во Унгарија и таму продолжува да живее во луксуз, наместо да ја издржува казната во Идризово. Така изгледа кога криминална организација е на власт.
Се продаваат станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски и неговото семејство располагаат со имот и средства во вредност од над 2 милијарди евра.
Организираната криминална група ВМРО и Христијан Мицкоски како нејзин шеф и денес го слават Груевски.
Не бараат негова екстрадиција, ниту ја осудуваат неговата политика на страв и системска кражба на државата.
Месеци наназад нема одговор на прашањето дали се испратени документите за негово испорачување.
Наместо тоа, Мицкоски продолжува по стапките на својот ментор – носи скапи часовници, купува владини авиони и ја одржува културата на недопирливост и лично богатење на грбот на граѓаните.
Се сеќаваме на Мерцедесот од 650.000 евра, наочарите од 60.000 евра и луксузот во кој пловеше Груевски.
Денес истото го гледаме и кај Мицкоски, само во понова и поагресивна верзија.
Ова не е минато.
Ова е сегашноста на ВМРО-ОКГ.
Додека народот се бори да преживее, криминалците од минатото и нивните наследници и понатаму се движат слободно.
Имотот на Груевски во Македонија е само ситница.
Вистинската сума од над две милијарди евра се наоѓа надвор од земјата. Наместо Груевски да биде испорачан и да одговара за изгубените години на цела генерација Македонци, да се конфискува тој имот и тие пари, Владата продава само неколку станови. Така изгледа правдата со Мицкоски и неговата банда.
Народот не заборава. И не простува.
Наскоро доаѓа време за отчетност. Наскоро доаѓа време за правда. Наскоро државата повторно ќе им припадне на граѓаните.
Фронтот за вистина и правда ќе се погрижи да одговара не само Груевски, туку и сите негови ученици и продолжувачи на неговото дело.

