Skip to main content
Македонија

СДСМ: 9 години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробена држава

27/04/2026  11:07

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор

27 април е тежок, крвав потсетник колку лесно една криминална, недемократска власт може да ја втурне државата во провалија.

9 години од крвавиот 27 април, најцрниот ден во историјата на македонската демократија.


Тоа беше организиран обид за државен удар, во режија на ВМРО и Никола Груевски.


Во Собранието влегоа насилници со јасна намера – да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собранието, да го урнат уставниот поредок.


Сликите од тој ден се врежани и после 9 години: крвави лица на пратеници, дупнати глави, напади со шипки и столици, влечење, дивеење и уништување во храмот на демократијата.


А денешниот прмеиер, Христијан Мицкоски, тој ден беше пред Собранието.


Девет години подоцна, наместо целосна правда – сведоци сме на обиди за срамна рехабилитација на насилниците.


По доаѓањето на ВМРО-ОКГ на власт, осудени лица за 27 април се пуштаат од затвор со само еден потпис.


Истовремено, истите луѓе и истите мрежи повторно се активираат.


Бетмен Велит, обвинет за 27 април – денес заедно со Латас се носителите на антиевропската кампања и нападите на СДСМ преку орбановата мрежа на медиуми.

Јане Ченто држи прес конференции и се заканува со тужби.


Контроверзниот разузнавач Горан Живаљевиќ, човекот кој беше во Собранието на денот на нападот – останува симбол на странското влијание во тие настани и на БИА.


Повторно слушаме и за Сашо Мијалков и Никола Груевски.


Денеска истата екипа. Истата банда. Истата криминална матрица. Истите луѓе, истите методи, истата агенда.


Денес, под водство на Христијан Мицкоски, Македонија повторно се турка кон заробена држава:


Се бираат судии и обвинители под негова контрола


Заробени институции, заробеани медиуми


Рехабилитација на насилници


Линч и јавни напади врз опозицијата


Ништо не е сменето во ВМРО-ОКГ.


Тоа е истата структура која сака повторно да гази врз слободата и демократијата, да се пресметува со неистомисленици и да шири омраза и поделби меѓу граѓаните.


27 април не е само потсетник – тоа е опомена.


Опомена што се случува кога државата ќе биде заробена.