
Српската пејачка Сара Јо на инстаграм сподели повеќе видеа од нејзините колеги Андреј и Панчо од групата ДНК и напиша дека е скршена од тажните настани кои се случија.
“Како да се носите со толку тага? Со ваква тежина во градите? Со ваквата празнина која не плесна со својата сила? Како да преболиме неправда? На кој начин да ја разбереме и прифатиме реалноста? Срцето ми е скршено на илјада парчиња”, напиша таа на Инстаграм.
Потоа сподели и видео од Панчо на кое и вели дека е “лошо момче” засекогаш, нешто што го има истетовирано на себе, и притоа напиша:
“А ти… добар наш Панчо… знам дека се бориш лавовски, само онака како што умееш ти… Сепак си ти нашето “лошо момче засекогаш”. Нема момент да не помисливме на тебе. Со тебе сме со цело срце и душа”, заврши таа.