Skip to main content
Скопје

Салата Работнички ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ

25/02/2026  10:29

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека целосно реконструираната спортска сала „Работнички” ќе го носи името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ.

Герасимовски нагласи дека е особено горд како е реализиран проектот и се заблагодари на претходната и на актуелната Влада за финансиската поддршка што овозможила салата темелно да се реконструира.

„Имаме целосно нова сала, од кровот, ново осветлување и вентилација, до нов модерен паркет, нови санитарии, средени канцеларии за спортските федерции. Буквално од корен е реконструирана. За мене ова има посебно значење, а верувам и за сите центарци и скопјани”, посочи тој.

Герасимовски потсети дека првиот офиицијален натпревар во салата е планиран во петок, кога македонската кошаркарска репрезентација ќе одигра меч против селекцијата на Луксембург.