Skip to main content
Свет

САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина

08/04/2025  19:56

САД ќе воведат царина од 104 отсто за кинеска стока од вечерва на полноќ, 00:01 часот по источна американска временска зона (вечерва, 21:01 часот по македонско време) , потврди официјален претставник на Белата куќа.

Министерството за трговија во Пекинг соопшти дека наметнувањето на таканаречените „реципрочни царини“ од страна на САД врз Кина е „целосно неосновано и претставува типична еднострана практика на застрашување“.

Кина, втората по големина економија во светот, најави одмазнички царини, а Министерството во својата последна изјава навести дека може да следуваат уште мерки.

“Противмерките што ги презема Кина имаат за цел да го заштитат нејзиниот суверенитет, безбедност и развојни интереси, како и да го одржат нормалниот меѓународен трговски поредок. Тие се целосно легитимни“, соопшти Министерството.