Skip to main content
Македонија

Сабри Азири: Бујар Османи ја одобри неправдата кон моето семејство во случајот “Монстра“

10/10/2025  15:02

Портпаролот на Штабот на Коалицијата VLEN во Општина Чаир, Сабри Азири, денеска се обрати со изјава до јавноста, во која потсети на неправедното вмешување на неговото семејство во случајот познат како “Монструм“, случај кој тој го оценува како политички монтиран и како еден од најтешките удари врз достоинството на Албанците. Во неговата изјава, Азири директно го критикува Бујар Османи, за неговата јавна изјава со која “го одобрил“ неправедното апсење на неговото семејство и таа изјава ја оцени како одобрување на државната неправда.

Сабри Азири во неговата изјава побара морална и политичка одговорност од лицата кои во тоа време држеле владини функции и ја обелоденува долготрајната последица што овие постапки ја имале врз неговото семејство и врз Албанците воопшто.

Во продолжение, ви го испраќаме целосниот говор на Сабри Азири, Портпарол на Штабот на коалицијата ВЛЕН во Чаир:

Јас сум Сабри Азири од Скопје. Моето семејство потекнува од Скопски Карадак, поточно од селото Брест.

Сум член на семејството Азири, семејство кое беше неправедно и болно прогонето во случајот познат во јавноста како случај „Монструм“.

На 1 мај 2012 година, околу 04:00 часот наутро, специјалните полициски единици упаднаа во нашата семејна куќа без судска наредба и не уапсија на брутален начин: мене, тогаш 30-годишен, мојот 34 годишенбрат, и мојот татко, 64 годишен, пензионер, болен, опериран и во многу тешка здравствена состојба.

При апсењето, го прашав еден од полицајците зошто влегле во нашата куќа и дали имаат судска наредба? Еден од нив, во присуство на моето семејство, се јави по телефон и рече:„Подготви наредба за апсење, бидејќи сме влегле по грешка во куќата на Ќани Азири, ни треба правна покриеност.“

Истиот ден, само неколку часа подоцна, владата на Али Ахмети и Никола Груевски одржаа прес-конференција и изјавија:

„Ги фативме убијците на децата“!

Тоа што следуваше по ова политичко легитимирање на едно неосновано апсење, беше една тешка голгота и кошмар за нашето семејство.

Обвинителството веднаш изгради обвинителен предмет со кој не обвини, не судеше и не осуди како монструми, како чудовишта!

Не обвинија како убијци на деца, иако сѐ до денес, не е докажана никаква наша поврзаност со тие деца, нема мотив, нема оружје, нема дело! Постојат само политички изјави, и тие беа искористени за да нѐ уништат нас.

Оваа изјава флагрантно го прекрши начелото на презумпција на невиност, прогласувајќи ги Албанците за виновни уште пред да започне судскиот процес. Таа изјава поттикна омраза, гнев, нетрпение, а Албанците станаа мета на напади и закани.

Само два дена подоцна, Бујар Османи, по налог од штабот во Зајаз, без никакво чувство на одговорност, без срам, излезе на албански медиум и изјави:

„Врз основа на доказите, го одобривме апсењето на семејството!“

Јавно прашувам: кои беа тие докази, Бујар Османи?

Од каде ги добивте информациите за содржината на доказите?

Дали можеби доказите беа „зготвени“ во некоја кујна во Зајаз или во Речица?

Ова „одобрување“ на апсењето од страна на Бујар Османи и неговите пријатели беше тешка колективна дамка врз Албанците од Скопје и Албанците во целиот свет, една неправда што остави последици сѐ до денес.

Судството со 2% доверба, диригирано од Никола Груевски, Али Ахмети и Бујар Османи, остави тешки последици врз моето семејство и врз Албанците:

• 3 лица осудени на доживотен затвор
• 1 лице осудено на 13 години
• 1 лице осудено на 15 години
• длабоки психолошки трауми и страдања,
• постојани институционални притисоци,
• конфискација на имот и извршни постапки

Кратко и јасно: за Бујар Османи – непрекинати мандати 11 години како министер и вицепремиер, а за обвинетите во монтираниот случај „Монструм“ – драконски казни од над 400 години затвор!

Денес се исполнуваат 13 години, 5 месеци и 9 дена од драматичното апсење, со многу камери и театар, за мене и за членовите на моето семејство – со одобрување од Бујар Османи, кој денес, без грам срам, бара албански гласови!

Бујар Османи и Али Ахмети денес зборуваат за повреденото достоинство на Албанците. Јавно ги прашувам:

Дали беше повредено достоинството на Албанците кога беа уапсени нашите сестри и мајки и беа прикажани со лице, додека беа спроведувани од полицајци мажи?!

Дали беше повредено достоинството на Албанците кога обвинителството го нарече моето семејство чудовиште и убиец на деца поради верски убедувања, иако до ден денес нема ниту еден доказ за таа врска?!

Дали беше повредено достоинството на Албанците кога обвинителството поднесе чисто политичко обвинение со кое Албанците беа квалификувани како терористи, како убијцина деца, како народ-чудовиште?!

Зошто Бујар Османи не се грижеше за достоинството на Албанците додека беше на функција и не се зафати со вистината за случајот „Монструм“? Можеби на тој начин ќе ја исчистеше својата совест од скандалозните телевизиски изјави поврзани со овој случај?!

Од моментот кога беше „одобрено“ апсењето за „тероризам“, на Албанците од Скопскиот регион им беше ставена дамка, додека Бујар Османи беше награден од Никола Груевски и уживаше политичка кариера од 11 години во високи државни функции.

Логично прашање:
За чии агенди работеше и зошто го одобри случајот на ист начин како што Милошевиќ во 90-тите го одобри случајот „Панда“ во градот Пеќ, каде што српските сили убија деца и вината им ја префрлија на Албанците?!

Јас и моето семејство сме искрено благодарни и јавно им изразуваме благодарност на секој граѓанин, секој активист, медиум, амбасада и секој што придонесе на каков било начин за моето семејство и за Албанците во Македонија.

Но денес, сакам јавно да го прашам Бујар Османи:

• 13 години подоцна, каков е твојот став за монтираниот случај „Монструм“?

• 13 години подоцна, дали ти и твоите соработници се каете за улогата што ја одигравте во тој случај?

• 13 години подоцна, дали те јаде грижа на совест што твоите нарачани изјави, дадени за да ја зачуваш фотелјата, ги уништија животите на многу луѓе и семејства?

• 13 години подоцна, дали ќе побараш јавно извинување за тоа што си направил и кажал?

Ова се прашања кои бараат одговор од тебе, Бујар Османи.

Затоа што овој политички монтиран случај претставува најтешкиот удар што една држава може да му го нанесе на достоинството на еден народ.

Вистината за Бујар Османи и Али Ахмети, драги браќа и сестри, се монтираните случаи на албанците во Република Македонија!