Светскиот рекет број еден Арина Сабаленка претпладнево ја победи Шпанката Паула Бадоса во полуфиналето на Австралија Опен со резултат 6:4 и 6:2.
Мечот траеше 1 час и 27 минути.
Дваесет и шестгодишната Сабаленка сервира два аса и направи една двојна грешка.
Сабаленка во финалето на Грен слемот во Мелбурн ќе се соочи со победничката од дуелот Медисон Кис – Ига Швјонтек кој се игра попладнево.