Skip to main content
Свет

Руски напад со дронови врз Одеса – еден ранет, илјадници без струја

20/02/2025  11:11

Во напад со дронови врз Одеса, во кој беа погодени објекти за јавна исхрана и складишта, еден 55-годишен маж е ранет и хоспитализиран со средно тешки повреди, соопшти гувернерот на регионот, Олег Кипер.

Нападот предизвикал пожари и оштетувања на административна зграда и автомивка. Како последица на нападот, околу 5.000 жители на еден од градските реони останале без електрична енергија.

Сите надлежни служби работат на отстранување на последиците.